Мал полжав доведе до застој во провинцијата Кјушу кога застанаа околу 30 возови со кои се превезуваа повеќе од 12.000 луѓе.
Изгорените остатоци од несреќниот полжав биле пронајдени во инсталациите веднаш покрај шините, во близина на железницата, што се наведува како причина за застојот. Јапонските медиуми објавија дека животното можело да помине низ мала пукнатина до прекинувачот што предизвика краток спој.
Десетици возови застанале или биле откажани, а 12.000 луѓе доцнеа на 30 мај во Јапонија. Откако биле прегледани сите инсталации, пронајден е полжав во електрична кутија во близина на шините. Јапонските железници соопштија дека се работи за редок инцидент.