САД започнале сајбер напади врз иранските воени компјутерски системи

130

САД започнале сајбер напади врз иранските воени компјутерски системи, по само неколку часа откако Иран го урна американското беспилотно летало пред два дена, објавија aмериканските медиуми.

Познатите американски медиуми, Вашингтон Пост и АП, во своите текстови повикувајќи се на неименувани официјални претставници пишуваат дека нападите се спроведени со одобрение на американскиот претседател Доналд Трамп. Официјални претставници на одбраната на САД не ги потврдија ваквите извештаи. Информацијата за сајбер нападите доаѓа по изјавата на Трамп дека во последен миг се предомислил за конвенционален напад на воени мети во Иран затоа што, како што вели, одговорот нема да биде пропорционален и ќе доведе до голем број на ирански воени и цивилни жртви.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...