Светска банка и ММФ: Владата има амбициозни планови, но и резултати

469

 Владата има навистина амбициозна реформска агенда и навистина можат да се забележат резултати не само во смисла на политички, бидејќи изгледите за земјата во однос на влез во ЕУ и НАТО се подобрени, меутоа и на економско ниво преку бизнисот, деловното опкружување, образиванието. И навистина ние пружаме поддршка за сите овие процеси.

Ова го истакна денеска директорот во ММФ задолжен за Холандско-белгиската конституенца, Антони де Ланој во изјава за новинарите по отворањето на Состанокот на Холандско-белгиската конституенца на ММФ и Светска банка, чиј домаќин е земјава.

Според него, состанокот на Конституенцата е одлична можност да ја изразат нивната поддршка за Северна Македонија и да ги пофалат реформите што во моментов се случуваат во земјата, а темата на самиот форум „Како капитализмот да функцинира за сите“ е навистина важна тема на која ќе дискутираат со колегите во Скопје.

– Не би сакал да шпекулирам, меѓутоа разговорите за влез во ЕУ дефинитивно ќе се случат во еден момент. Се разбира, сепак, имаме позитивно сценарио пред нас. Пример за тоа е и економскиот раст кој постојано бележи пораст – рече Де Ланој на новинарско прашање како ќе се одрази на економијата на земјата ако во октомври не добие датум за преговори со ЕУ.

За него преминот од рамен данок во прогресивен данок, кој е воведен во нашата земја е еден позитивен чекор кон обезбедување еднаквост и оти ММФ, како што рече, во повеќе наврати тоа го препорачувал и го пропагирал.

– Тоа е добар начин да се стигне до поголема еднаквост за која се залагам – кажа Де Ланој.

Директорот во СБ задолжен за Холандско-белгиската конституенца Кун Дависе истакна дека состанокот на Конституенцата е одлична можност да се разговара за овие важни теми една година по Преспанскиот договор, кој вели, не беше важен само на политичко, туку и на економско ниво.

– Договорот придонесува за зголемување на довербата и креирање нови можности, а Владата навистина вложуваше и во човечкиот капитал и во приватните компании, но и во одржливоста. Ги слушнавме податоците од СБ која што забележа позитивно економско сценарио и покрај глобалните забавувања, односно стагнирања. СБ неодамна склучи повеќегодишна програма со Северна Македонија, за да ги поддржи реформите и инвестициите во човечкиот потенцијал. Се надевам дека оваа програма ќе креира дополнителни можности за приватниот сектор, за младите, за жените. Но, исто така ќе се осврне на теми како загадувањето и обновливите извори на енергија – рече Дависе.

Министерот за финансии Драган Тевдовски истакнувајќи го значењето на овој настан за промоција на земјата, рече дека темата на форумот е најважната после глобалната криза и целосно се поклопува со приоритетите на Владата, чија програма е поставена со цел животниот стандар да расте за мнозиснтвото граѓани и да се намалува нееднаквоста.

-Ние досега преземавме многу различни чекори. Прво водиме фискална консолидација, го стабилизиравме системот на финансии во земјава, а од друга страна не само што го стабилизиравме јавниот долг, туку водиме политики што овозможија да се постигнат нашите главни цели. Со праведното оданочување обезбедивме дополнителни средства со кои што многукратно ги зголемивме социјалните трансфери за најранливите граѓани. Ние сме првата земја во регионот во која имаме минимален адекватен приход, рече Тевдовски на новинарско прашање.

Додаде дека платите во 2018 година растеа за скоро шест проценти што е многу повисоко од претходниот период, направена е реформа на системот на јавните набавки, а обезбедена е и фискална транспарентност.

Гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска Бежоска изразувајќи задоволство од присуството на високи гости на форумот од СБ и ММФ, 10 гуверенери и повеќе министри за финансии, рече  е добра основа за квалитетна и релевантна дискусија на главната тема на Состанокот „Како до поправеден систем за сите“ во услови кога, вели, имаме забавување на фактичкиот економски раст и растечка нееднаквост во глобални рамки.

– Имаме повеќе панели, а важни аспекти што ќе бидат опфатени во дискусиите е како до зголемување на корпоративното управување, квалитетот на институциите, на кој начин кои политики ќе придонесат за намалување на овој глобално присутен тренд. Тука пред се ќе се стави акцент и на образованието како многу клучен фактор што го детерминира и успехот на секоја индивидуа – рече Ангеловска Бежоска.

На форумот поздравно обраќање имаше премиерот Зоран Заев кој истакна дека Република Северна Македонија преку спроведување на економски реформи и успешни фискални политики изминативе две години на дело покажува дека е посветена на градење праведно општество со еднакви можности и силна економија која ќе отвора шанси за сите.

Потпретседателот на Групацијата на СБ за Европа и Централна Азија Сирил Милер во својата презентација на состанокот на Холандско-белгиската конституенца на ММФ и Светска банка кажа дека сите земји-членки на Конституенцата ќе имаат повисок економски раст од регионалниот просек, а најголем напредок во реформите имаат постигнато Северна Македонија и Босна и Херцеговина.

Денешниот состанок на Холандско-белгиската конституенца е централен настан на тридневниот форум, кој завршува утре со посета на Охрид.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...