Три причини зошто ве боли за време на сексот

За жал, често оваа болка за препишува на психата, па дури и на менталните болести, иако некои од симптомите можат навистина да бидат поврзани со медицински проблеми.

1065

Речиси 20 отсто од жените доживуваат болка за време на сексот што ги лишува од задоволство.

Болката може да се појави во интервали или да биде хронична и предизвикана од широк спектар на причини како што се инфекција, алергија, реакција на лекови или хронични состојби.

За жал, често оваа болка за препишува на психата, па дури и на менталните болести, иако некои од симптомите можат навистина да бидат поврзани со медицински проблеми.

Еве некои од нив:

Намалена еротска стимулација
Кај сексуалното возбудување вагиналните ткива лачат природни масла кои ја штитат жената од болка за време на односот. Без овие механизми, ткивото во вагината би било суво. За жал, во таквите случаи жените често молчат и го чекаат крајот на чинот. Би требало да посетите гинеколог за да ви препише некои средство кое ќе ви помогне.

Вагинален спазам
Кога сексот е болен жените несвесно ги стегаат мускулите на вагината. Вагиналниот спазам е сексуална дисфункција во која постои константна или повторувачка несакана контракција на мускулите на вагината, што оневозмоува вагинална пенетрација. Лекарот може да ви помогне со физиотерапевтски техники кои ќе помогнат во релаксацијата и правилното функционирање на овој дел од телото.

Менопауза
Како што опаѓа нивото на естроген, вагиналното ткиво станува сѐ потенко и посуво, Покрај вагиналната атрофија постои и општа атрофија во надворешните и внатрешните генитални органи, уретрата, како и во долниот дел од бешиката. Како резултат на сето тоа сексот станува болен. Јасно е дека мора да поразговарате и со својот лекар за употреба на хормони.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...