Норвешкиот остров Сомареј не сака повеќе да размислува за концептот на времето.
На ова место сонцето не излегува во текот на зимата и не заоѓа во текот на летото. За таа цел, жителите покренале кампања да станат првото место во светот „без време“, бидејќи времето за нив не е толку важно како во остатокот од светот.
– Сакаме да ги ослободиме граѓаните од традиционалните работни часа, дозволувајќи им да прават што сакаат и кога сакаат – изјавил иницијаторот на ваквата идеја, Кјел Ове Хвединг.
Кога се живее во константен мрак или на постојано сонце, поимите „ден и ноќ“ полека ја губат својата смисла.
– Ширум светот, луѓето се под стрес и во депресија. Во голем број случаи, времето е причината поради која се чувствуваат заробено. Тука би живееле во зона без пресметување на времето така што секој може да го искористи својот полн потенцијал. Младите секако би морале да одат на училиште, но има место за флексибилност. Ако сакате да го косите својот тревник во 4 часот наутро, само напред – изјавил Хвединг.
На Сомареј, додека трае денот во текот на целото лето, околу 2 часот наутро можат да се забележат деца како играат фудбал, луѓе кои го средуваат својот дом, а тинејџерите одат на пливање.
ФОТО: Фејсбук/Принтскрин