Блогерката Имоџен Блоу за 10 месеци посетила 65 градови, а тврди дека на патувањата трошела по 10 евра дневно.
Дваесет и три годишната Австралијка открила дека може да ги штеди парите, така што ќе преспива кај непознати, кои ги запознавала преку апликација, сама си подготвува вегетаријански оброци, се вози со автостоп и понекогаш користи спонзорство на „Еуреил“ за бесплатно возење со воз.
Дневниот буџет ѝ е десет евра и ги троши само на превоз, храна и сместување. Додава дека вака би можел секој да патува.
„Понекогаш поминуваат денови да не потрошам ниоту паричка. Некои од домаќините ми купуваат продукти со кои готвам јадење за сите. Некогаш останувам без пари, па десетте евра ги развлекувам да ми траат и по четири дена.“
Вели дека секогаш не поминува најдобро. Кога патувала низ нејзината родна Австралија , Имоџен била касната од голем пајак. Во Атина, пак, добила инфекција поради каснување од стеници, а додека стопирала во Сардинија, ја нападнал еден возач.