„Зомби“ – ракуни ги извадиле од памет американците

277

Властите во американскиот град Јангстоун регистрирале десетици телефонски повици во последните неколку недели од страна на луѓе кои биле преплашени од ракуни, кои „се движеле како зомби во среде бел ден и ржеле.

Роберт Когештал излегол на прошетка со своите кучиња, кога одеднаш тргнал ракун кон него. Тој веднаш ги вратил кучињата дома и го фотографирал бесното животно.

– Одеше на задните нозе. Никогаш не сум видел ракун тоа да го прави и да ги покажува забите, а потоа само падна наназад во коматозна состојба, раскажува Когештал.

Вкупно 14 ракуни се еутаназирани, а причина за тоа „зомби“ однесување е вирусот Canine Distemper, кој влијае на респираторните патишта, нервниот систем, предизвикува неконтролирано тресење и напади, но и недостаток на страв кон луѓето.

– Ракуните можат да им пренесат беснило и парвовирус на домашните животни и на луѓето. Затоа треба да се избегнува ракун кој е активен дење и без страв им приоѓа на луѓето и збунето се однесува, се наведува во предупредувањето од експерти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...