Канада го ратификуваше Протоколот, Димитров се заблагодари

667

Канада е 18-та земја членка на НАТО која го ратификуваше Протоколот за членство на Северна Македонија во Алијансата. Како што објави на Твитер канадското МНР, тие изразуваат задоволство што набргу ќе и посакаат добредојде на нашата земја како 30 – та членка.

– Канада со задоволство го ратификуваше пристапувањето на Северна Македонија во НАТО. Додека славиме 70 години НАТО, со нетрпение очекуваме да ве поздравиме како 30-та членка на Алијансата во блиска иднина, објави канадското МНР.


 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...