Ердоган тврди дека Морси е убиен

209
ФОТО: EPA / ALEXEY NIKOLSKY / SPUTNIK / KREM

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган тврди дека поранешниот египетски претседател Мохамед Морси, кој почина за време на судење, е убиен.

Ердоган вети дека ќе вложи напор со цел на египетската Влада да и се суди на меѓународни судови поради смртта на Морси, кој, според официјалните информации, почина од срцев удар во суд во Каиро.

Во говор на предизборен собир во Истанбул, Ердоган рече дека Морси „не починал, туку е убиен“ и ја повика Организацијата за исламска соработка да реагира на смртта на Морси.

Тој додаде дека тоа прашање ќе го постави на самитот на Г-20 во Јапонија кон крајот на месецов.

Морси почина во понеделникот од срцев удар откако се онесвестил за време на судење под обвинение за шпионажа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...