Советникот на шефот на државата Александар Спасов е предлогот на Стево Пендаровски за член во Националниот совет за евроинтеграции.
– Кабинетот на претседателот денеска упати известување до претседателот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието, Илија Димовски дека доцент д-р Александар Спасов, од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ е предложен како претставник на Кабинетот на претседателот за член во Националниот совет за евроинтеграции, стои во соопштението од Кабинетот на Пендаровски.
Пендаровски бара и разрешување на досегашната претставничка во Националниот совет професорката Иванка Додовска.