На Меркел ѝ се слошило на пречекот на Зеленски, дури и се тресела (ВИДЕО)

3171

Германската канцеларка, Ангела Меркел, наликувала како да не се чувствува добро и се тресела додека денеска во Берлин го дочекувала украинскиот претседател Владимир Зеленски.

Меркел стоела покрај Зеленски на сонцето додека воен бенд ги свирел химните на Германија и Украина, кога почнала да се тресе.

Меѓутоа, како што наведува “AP”, по интонирањето на химната, Меркел делувала подобро, а потоа брзо минала по црвениот тепих со Зеленски и влегла во зградата во која се наоѓа нејзината канцеларија.

Пред влегувањето застанала да се поздрави со воениот бенд. Канцеларката на прес конференција рекла дека се чувствува добро.

“Оттогаш испив барем три чаши вода, кои очигледно ми беа потребени и сега сум многу добро”, рекла Меркел.

Таа, еден час по состанокот со Зеленски, на заедничка прес конференција рекла дека разговарале за билатерални прашања и за мировниот договор од Минск.

Германската канцеларка полни 65 години наредниот месец, а не е познато дека има било какви здравствени проблеми.

ФОТО Принтскрин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...