Трговците, занаетчиите и угостителите во Србија не мора да работат за Велигден

556

Трговските, занаетчиските и угостителските објекти во Србија за Велигден можат да бидат затворени.

Останатите денови, пред и по Велигден, како што јави Танјуг, ќе работат според празничниот распоред.

На Велики петок, дежурните продажни објекти (хипермаркети, супермаркети и мини маркети) мора да работат најмалку од 9 до 12 часа. Со исто работно време ќе бидат и во сабота, на 7 април и во понеделник, на 9 април.

За време на празниците, бензинските станици на државните патишта ќе работат 24 часа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...