Измамник, албанска мафија, како беше пречекан Рама во Лондон (ВИДЕО)

348
Photo: EPA-EFE / FILIP SINGER
Албанскиот премиер Еди Рама со протест бил пречекан во Лондон, каде се наоѓа во официјална посета.

Според албанските медиуми, членови на огранокот на албанската опозициска Демократска партија (ПД) во Лондон, поддржани од албански граѓани кои живеат и работат во британската метропола, прво се собрале пред хотелот каде престојува Рама а потоа и пред салата каде се одржува средба на која учествувал премиерот.

Во моментот кога премиерот Рама излегол од автомобилот, еден од учесниците извикал „измамник“, на што Рама реагирал со иронична насмевка.

Учесниците извикувале „Рама оди си“, а носеле и плакати на кои го пишува истото.

Претседателот на огранокот на ПД за Лондон, Наим Хасани, во обраќањето на протестот рекол дека Рама треба да си замине од функцијата бидејќи „ги украл изборите и го заробил правосудството“.

Премиерот Рама денеска и утре престојува во Лондон каде учествува на Форумот Фајненшал Тајмс-инвестиции во Западен Балкан.

Фото: EPA-EFE-FILIP

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...