Рогач наместо чоколадо, лек против мачнини и пролив

Во минатото, барем кога станува збор за медитеранските земји, кога децата ги мачел пролив, старите им давале неколку лажички каша од рендани јаболка и мелен рогач. Пејачите одамна увиделе дека благотворно делува и на гласните жици.

407

Во последно време сѐ почесто се зборува за рогачот како алтернатива за чоколадо. Природната слаткост на рогачот овозможува со него одлично да се заменат какаото и производите од какао. Иако во индустриското производство се користи само последните дваесетина години, рогачот не е прехранбена новост. Не толку одамна, пејачите џвакале плодови од рогач затоа што се сметало дека ги прочистуваат грлото и гласот.

Рогачот расте кај нас, го има во градскиот парк во Скопје, но е особено карактеристичен за медитеранските подрачја кадешто се одгледува најмалку 4 илјади години и тоа токму поради својот сладок и хранлив плод – мешунките.

Пред повеќе од две илјади години Исусосвиот крстител Иван одел низ пустината и се хранел со рогач, плод добар како леб и сладок како колаче. Затоа подоцна рогачот го нарекле Иванов леб. Потекнува од Сирија и Палестина, а пред доаѓањето во Европа, со векови се употребувало како одлична намирница за исхрана на луѓето и стоката.

Во минатото, Грците откриле дека секоја семка од мешунката на рогачот, каква и да е таа, секогаш тежи 0,18 грама. Затоа една семка од рогач станала еден карат, мерка за тежина на скапоцените камења и златото.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...