Изгаснат пожарот во болницата во Истанбул, нема жртви

97

Противпожарните единици успеаја да го изгаснат големиот пожар, што попладнево избувна во болница во Истанбул.

При пожарот нема загинати или повредени. Вработените во болницата ги евакуираа пациентите веднаш по избувнувањето на пожарот, а беше спроведена е евакуација и на жителите на околните згради.

Причините за пожарот, кој избувнал на покривот на болницата и набрзо се приширил на неколку ката, не се познати.

Болницата се наоѓа во населбата Газиосманпаша во европскиот дел на Истанбул.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...