12 загинати и 134 повредени во два силни земјотреса во Кина

Земјотрес со интензитет од 5,9 степени беше проследен со уште еден со јачина од 5,2 степена, а двата достигнаа длабочина од 10 километри, со епицентар во близина на округот Чангнинг, соопшти Геолошкиот завод на САД.

55

Во два силни земјотреса, кои ја погодија Кина, загинаа 12 лица, а 134 се повредени, соопштија денеска кинеските државни медиуми, додавајќи дека спасувачките екипи извадиле неколку преживеани од под урнатините.

Земјотрес со интензитет од 5,9 степени беше проследен со уште еден со јачина од 5,2 степена, а двата достигнаа длабочина од 10 километри, со епицентар во близина на округот Чангнинг, соопшти Геолошкиот завод на САД.

Двата земјотреса, кои се случија во период од 30 минути, синоќа ја погодија југозападната провинција Сечуан. Нив ги почувствувале и жителите во големите регионални градови, како што е главниот град Ченгду и метрополата Чонгкинг.

Спасувачите извадиле неколку преживеани од урнатините во близина на епицентарот.

Во овој регион, земјотресите се чести, а во мај 2008 година Сичуан го погоди голем земјотрес во кој загинаа речиси 70.000 луѓе.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...