Туск на тапет пред парламентарна комисија во Полска за можно затајување данок

132

Претседателот на Советот на Европа Доналд Туск одговара пред комисија во родната Полска која истражува големи случаи на затајување данок во времето кога бил премиер на земјата.

Сослушувањето на Туск се смета за обид на владејачката Партија на законот и правдата да го дискредитира, коментираат светските агенции и додаваат дека владејачката партија, која е најголем ривал на Туск, се обидува да ги зацврсти позициите пред парламентарните избори на есен.

Членовите на комисијата го прашале Туск зошто неговата влада од 2007 до 2014 година не ги запрела илегалните акции на приватните претприемачи, кои предизвикале големи загуби во државниот буџет.

Претходно друга комисија го испрашуваше Туск за авионската несреќа во 2010 година во која загина тогашниот претседател Лех Качински, братот близнак на лидерот на Партијата на законот и правдата, Јарослав Качински.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...