Кинескиот претседател за првпат ќе ја посети Северна Кореја

70

Кинескиот претседател Си Џинпинг в четврток ќе почне дводневна посета на Северна Кореја.

Во Пјонгјанг Си доаѓа на покана на лидерот Ким Џонг Ун, и тоа ќе биде негова прва посета од стапувањето на функција во 2013 година.

Оваа година се навршуваат 60 години од потпишување договор за воздушен и копнен сообраќај меѓу Кина и Северна Кореја. Од почетокот на минатата година Ким четири пати ја посети Кина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...