Поскапува Еуросупер БС-95, останатите горива по иста цена

929

Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ поскапува за половина денар по литар, а цената на останатите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,35 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67 денари за литар. ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе продолжи да се продава за 69, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 60, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 49,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,848 денари за килограм се намалува малопродажната цената на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 33,003 денари.

На светскиот пазар во изминатите седум дена се бележи пораст на референтната цена кај бензинот во просек за околу 2,44 отсто или за 14,10 долари по тон, а кај дизелот има зголемување во просек за околу 1,088 отсто или 5,95 долари по тон. Курсот, пак, на денарот во однос на доларот е повисок за 0,82 отсто.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...