Компаниите на индустриска зона Визбегово утре од 10 до 10.30 часот организираат протест во знак на револт поради предолгиот период на реконструкција на мостот на Јадранска Магистрала.
„Имено ваквиот зафат ја блокира целата зона, го отежнува целото движење и го уназадува комплетно работењето. Реконструкцијата на мостот се врши на потегот од Словенечка во правец Скопје до раскрсницата Момин Поток, каде што и ќе се одржи протестот“, соопштија од Здружение на компании од Индустриска зона Визбегово.