Мери Петреска: Со овие здрави и вкусни „липо“ рецепти слабеењето е песна!

2587

Откако пред три години започнала со сосема нов режим на исхрана, Мери Петреска која тогаш имала 104 килограми, успеала да се ослободи од цели 38 килограми, трансформирајќи се во вистинска убавица. Трансформацијата спроведувана со протоколот на липосукциска исхрана траела една година и десет месеци, но, и тоа како вредела, зашто резултатите останале трајни. Денес Мери со гордост се сеќава на периодот на борбата со вишокот на телесна тежина од којашто излегла како победник. А, победата била двојна, не само од естетска страна, туку и од здравствена.

Па, не нѐ чуди што, во меѓувреме, Мери станала мајсторка за приготвување на различни јадења кои го поддржуваат протоколот на липосукциска исхрана. Поточно, оброци кои ќе ви помогнат да ги губите килограмите, а при тоа да уживате во секој превкусен залак.

– Целта на липосукциска исхрана не е да ослабнете брзо и нагло, туку да го промените начинот на исхрана и претходните навики за да можете да водите здрав живот, а телото природно ќе ве следи во тој процес. Липосукциската исхрана се покажа како ефикасен третман за здраво и брзо топење на мастите во телото на принципот на внес на поголеми количини масти и протеини, а минимален внес на јагленохидрати и шеќери. Нашето тело, за да произведе енергија, ги користи јагленохидратите од храната, а кога не внесуваме доволно јагленохидрати, телото бара алтернатива, односно, друг извор на енергија за да ги задоволи своите потреби. Така, тоа станува „машина“ за согорување на сопствените масни резерви и нив ги користи како енергија, а тоа е и моментот кога започнува процесот на слабеење – објаснува Мери нагласувајќи дека со липосукциската исхрана не се гладува, а резултатите се како при хируршка липосукција.

Протоколот за слабеење се состои од две фази – липо третман со примена на препаратите „Липо алфа“ и „Липо бета“ и план за исхрана и фаза на стабилизација и одржување на телесната тежина. Двете фази траат по 14 дена. Утрото секогаш започнува со топла лимонада, а при чувство на глад се јаде посолена краставица.

– Првата фаза, со примена на препаратите „Липо алфа“ и „Липо бета“ и план за исхрана, ги вклучува следните намирници: месо, риба и морски плодови, маслиново масло, кокосово масло и путер, а од зеленчук дозволени се зелената салата, зелка, краставица, карфиол, праз, ќељ, брокула, рукола, авокадо, артичока, аспарагус, спанаќ, тиквички, модар патлиџан, печурки, и друго. Во храната може да се додадат зачини кои не содржат скроб или шеќер – објаснува Мери.

За почеток, Мери споделува со нас два рецепта приготвени со дозволените намирници од првата фаза на липосукциската диета. А ние ги дегустиравме, и мора да признаеме, превкусни се.

Пилешко на липо начин   

Од намирници потребни се: парче пилешко месо (со големина колку дланка), зелка, тиквичка, пармезан, маслиново масло, лимон, химелајска сол и зачини.

Подготовка: Во тава, на маслиново масло или путер, ставете парче пилешко месо. Динстајте го месото 15-на минути, па наросете сол и зачини по вкус.

Во меѓувреме, во блендер ставете исечкана зелка, додадете маслиново масло, сол и капки лимон. Блендирајте додека добиете кремаста смеса. Во приготвување на оваа смеса може да се додаде и претходно динстана брокула, карфиол и спанаќ и зачини по желба.

Тиквичките се ставаат во тава наросена со маслиново масло, се печат 10-на минути, а потоа врз нив се додава изрендан пармезан.

Морски плодови на липо начин

Од намирници потребни се: морски плодови, авокадо, зелка, маслиново масло, лимон, химелајска сол и зачини.

Подготовка: Во тава на маслиново масло се ставаат морските плодови, а откако ќе се издинстаат, 10-15 минути, се додава сол и капки лимон.

Зелката и авокадото, претходно исечкани, со маслиново масло, сол и капки лимон се ставаат во блендер. Блендирајте додека добиете кремаста содржина, а потоа зачинете по желба.

Од фотогалеријата во продолжение, инспирирајте се со уште неколку здрави рецепти кои го поттикнуваат процесот на слабеење, приготвени од Мери Петреска. И уживајте во секој залак, додека вишокот на килограми исчезнува.

Протоколот на липосукциска исхрана ќе го добиете во Lipo Diet Centar на „Интернешнл хелт“ кој се наоѓа во центарот на Скопје, на ул. Димитрие Чуповски број 22 (спроти поранешен „Мекдоналдс“), под раководство на доктор Валентина Крстеска. За бесплатни совети јавете се на телефоните: 02 3151714, 070 535033.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...