Џонсон најсоодветен кандидат за лидер на конзервативците, според анкета

91
Photo: EPA / ANDY RAIN

Британците сметаат дека поранешниот шеф на британската дипломатија Борис Џонсон е најсоодветниот кандидат за нов лидер на владејачката Конзервативна партија, а со тоа и за иден премиер на Велика Британија, покажуваат резултатите од анкетите објави во денешните изданија на „Сандеј Тајмс“ и „Сан“.

Според анкетата на ЈуГов, дури 47 отсто од испитаниците сметаат дека Џонсон како лидер на конзервативците би и обезбедил на партијата победа над лабуристите и новата партија Брегзит на следните парламентарни избори. Со ваквиот став не се согласуваат само 22 проценти од анкетираните.

Од друга страна, шанси за победа на конзервативците на следните избори, ако не чело на партијата застане актуелниот министер за надворешни работи Џереми Хант, им даваат само 15 отсто од испитаниците.

Во истражувањето на УанПол, 30 проценти од анектираните сметаат дека Џонсон има најголеми шанси да спроведе Брегзит меѓу британските политичари. Такво мислење за останатите петмина кандидати за нов лидер на Конзервативната партија имаат помалку од по седум отсто од испитаниците.

Во првиот круг гласање на конзервативните пратеници во Долниот дом на британскиот Парламент за избор на нов лидер на Конзервативната партија, одржан во четвртокот, Џонсон освои 114 од вкупно 312-те дадени гласови, а Хант 43.

Гласањето за избор на нов прв човек на Конзервативната партија ќе се спроведува во онолку круга се додека во трката не останат само двајца кандидати. Се очекува овој процес на гласање да заврши до 20 јуни, по што на 22 јуни околу 160.000 делегати избрани од локалните организации на Конзервативната партија ќе гласаат за избор на партискиот лидер меѓу двајцата преостанати кандидати.

Инаку, шесттемина преостанати кандидати за нов лидер на конзервативците вечерва ќе имаат телевизиско соочување.

ФОТО: EPA / ANDY RAIN

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...