Променето името на туристичката кампања „Македонија вечна“ во „Северна Македонија вечна“.

Кампањата „Македонија вечна“, сега „Северна Македоснија вечна“ содржи спотови за туристичка промоција објавени во 2008 и 2009 година.

669

Земјава го промени имато на туристичката  кампања „Македонија вечна’ во „Северна Македонија вечна“.

Промената не помина незабележана од будното око на новинарите во соедна Грција. Прототема која го сврте вниманието на оваа тема, објави дека земјава го коригирала името на кампањата ја вметнала географската одредница во согласност со Преспанскиот договор.

„Туристичките власти на балканската држава инвестираа во детална и скапа промотивна кампања во која се обидоа да ја претстават античката македонска историја како своја, пропуштајќи (?) да ја вклучат географската одредница во главниот слоган ‘Македонија вечна’“.

Кампањата „Македонија вечна“, сега „Северна Македоснија вечна“ содржи спотови за туристичка промоција објавени во 2008 и 2009 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...