Најавена оставка на Владата во Молдавија

105

Демократската партија на Молдавија на премиерот Павел Филип соопшти денеска дека се повлекува од власт и ја распушта Владата, со цел да се реши политичката криза во земјата.

– Оставката на владата на Павел Филип е единствено можно и легитимно решение да се спречи политичката криза – изјави заменик лидерот на партијата Владимир Чеботари во телевизиско обраќање.

По изборите во февруари се создаде безизлезна позиција, а владата на Филип продолжи да работи во технички мандат.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...