Албанската полиција разби група шверцери на мигранти

48

Албанската полиција разби криминалната група која пренесувала сириски, турски и ирачки мигранти од Грција кон западноевропските земји и уапси 10 лица.

Меѓу уапсените е и водачот на групата, 29-годишен турски државјанин од Истанбул, со привремен престој во Тирана.

– Мигрантите биле пренесувани од планскиот регион долж јужната граница со Грција, преку Албанија и Црна Гора на север, од каде преминувале во Хрватска и го продолжувале патот на север и запад. Мигрантите за оваа „услуга“ плаќале поголема сума пари – соопшти на прес-конференција директорот на полицијата во Елбасан, Арјан Муча.

Во рамки на акцијата наречена „Транзит“, како доказен материјал запленети се мобилни телефони, парични средства и возила.

Бројот на имигрантите кои се обдуваат транзит да поминат низ албанска територија од почетокот на март е значително зголемен, иако е помал споредно со лани.

Покрај зајакнатите мерки на албанската гранична полиција, од 22 мај целата гранична линија меѓу Албанија и Грција ја набљудуваат и 50 офицери на Европската агенција за гранична безбедност – Фронтекс, што е првпат Фронтекс да спроведува операција на територија на земја која не е членка на ЕУ.

Директорот на албанската гранична полиција Едуард Меркај изјави дека претставниците на Фронтекс за овој период пресретнале 229 мигранти, додека во изминатиот период од годинава откриени биле над 600 мигранти, кои на албанска територија главно влегле од Грција преку зелениот граничен појас кај премините Капштица и Какавија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...