Твитер избриша речиси 4.800 сомнителни налози

36

Социјалната мрежа Твитер соопшти дека избришала речиси 4.800 сомнителни налози.

Станува збор за налози за кои постои сомнеж дека се поврзани со властите во Иран и кои служеле за промовирање на иранските државни интереси.

Твитер информира дека овие налози ќе бидат префрлени во јавната база на податоци што социјалната мрежа ја покрена лани за борба против дезинформациите.

Во базата покрај најновите, се наоѓаат и претходно избришани налози поврзани со Русија, Венецуела и шпанската област Каталонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...