Авторот Николас Спаркс е обвинет за хомофобија и расизам од поранешен директор во училиште во Северна Каролина.
Спаркс е во легална битка со поранешен директор на училиште на кое Спаркс е ко-основач, кој тврди дека авторот на „The Notebook“ поттикнал дискриминаторско опкружување, дури банирал ученици да формираат ЛГБТИ клуб.
Саул Бенџамин дошол на директорската позиција во 2013 година и забележал дека на училиштето му недостига разновидност, сакал да направи промени, според извештај на „The Daily Beast“.
Но, неговите планови за измени не успеале, па тој сега тужи неколку лица, а еден од нив е и Спаркс, кој се обвинува за хомофобија, расизам и антисемитизам.
Спаркс тврдел дека обвинувањата на Бенџамин се „лажни“.
Се појавиле емајлови, а според еден од нив, Спаркс тврди дека нема да дозволи ЛГБТИ клуб во училиштето, а потоа ја бранел својата одлука оти не е дискриминирачка.
– Да не им се дозволи прием е дискриминација. Ако не им се дозволи да имаат клуб не е дискриминација – напишал тој во ноември 2013 година.
Потоа додал:
„Исто така, се сеќаваш, имавме геј ученици претходно, многу од нив. (Претходен директор) се справи со тоа мошне тивко и прекрасно, учениците сметаа дека имале среќа. Очекувам и ти да го направиш истото“.
ФОТО: Пипл