Обвинетиот за убиство на 51 лице во Нов Зеланд, се изјасни за невин

205
ФОТО: EPA / FAROOQ KHAN

Австралиецот Брентон Тарант, кој е обвинет за убиство на 51 лице при нападите врз две џамии во новозеландскиот град Крајстчрч во март годинава, денеска пред Судот се изјасни за невин по сите точки од обвинителниот акт.

Тарант, кој со Судот во Крајстчрч комуницираше преку видео линк, за секоја од точките од обвинението се изјаснуваше преку неговите адвокати.

Следното рочиште против Тарант е закажено за 16 август, до кога и му е продолжен притворот.

Тарант ги изврши нападот на 15 март кога со полуавтоматско оружје пукаше врз муслиманските верници кои се молеа во две џамии во Крајстчрч. Целиот напад тој директно го премесуваше на Фејсбук.

ФОТО: EPA / FAROOQ KHAN

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...