Ракета, истрелана од територијата на Појасот Газа, погоди зграда во израелскиот пограничен град Седерот, соопштија локалните власти.
Според првичните информации, во инцидентот нема повредени лица.
Израелската армија во јужниот дел од земјата потврди дека „од Газа е истрелана ракета кон градот Седерот“, без да соопшти повеќе детали.