Мета: Не смееме да го пропуштиме овој историски момент да направиме чекот кон ЕУ

85
ФОТО: EPA / MALTON DIBRA

Додека во албанскиот Парламент се одвива дебата околу барањето за разрешување на шефот на државата, а лидерот на опозициската Демократска партија, Љуљзим Баша изјави дека земјата е на „праг на државен удар“, претседателот Илир Мета преку Фејсбук, упати апел до сите политчки актери да покажат одговорност.

– Албанија има потреба од максимална рефлексија на одговорност од сите политички актери!, напиша Мета, апелирајќи да не се дозволи да се пропушти шансата земјата да направи чекор напред кон Европа.

– Не смееме да го пропуштиме овој историски момент да направиме чекор напред кон Европа. Ние вложуваме максимални напори да не не одвојат од напредокот на нашиот сосед Северна Македонија. Побрзото отворање на преговорите за членство е историска обврска за сите оние кои ја сакаат Албанија како Европа!, напиша Мета.

Во текот на денот Мета продолжи со средби со лидерите на помалите политички партии, имаше средба и со висок претставник на американската амбасада во Тирана, а попладнево во 17 часот повторно ќе се обрати, што е трето негово обраќање оваа недела.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...