Анѓушев пред германските бизнисмени: Ова е вистинско време за инвестиции

Германските бизнисмени ги истакнале досегашните позитивни искуства од соработката со земјава и со компаниите и се согласиле дека позитивниот севкупен развој отвора нови перспективи за соработка и за нови инвестиции.

102

Премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев денеска се сретнаа со претставници на дел од најголемите компании во Германија на кои им порачаа дека во земјава има поволна клима за инвестирање.

Заев пред германските бизнисмени, како што соопшти владината прес- служба, истакнал дека политичките и демократските промени во државата создале поволна клима за економски развој и средина што има сериозна поддршка за странските инвеститори.

– Постигнатите резултати од 4,1 отстои раст на БДП во првиот квартал од годината, за разлика од рецесијата од -1,8 отсто во истиот квартал пред две години, растот на индустриското производство и падот на невработеноста за речиси пет проценти за две години, се само дел од резултатите што ги дава поддршката на владините политики за поддршка на бизнисот. Заедно со бизнисмените од комерцијалниот сектор, создаваме услови бизнисот да прави профит, но и да го забрза развојот на земјата – изјавил Заев.

Вицепремиерот Анѓушев посочил дека државната поддршка за странските инвеститори оди до 50 отсто од вкупната инвестиција по повеќе основи и затоа е вистинско време за инвестирање во Северна Македонија.

– Уште повеќе нашите политики обезбедуваат предвидлива и одржлива средина за старт и за развој на инвестициите. Поддршката на домашните компании ги прави соодветни партнери на странските компании, а условите што ги креираме во трговските и индустриските развојни зони обезбедуваат европски стандарди за компаниите што сакаат да започнат „гринфилд инвестиција – рекол Анѓушев.

Германските бизнисмени  ги истакнале досегашните позитивни искуства од соработката со земјава и со компаниите и се согласиле дека позитивниот севкупен развој отвора нови перспективи за соработка и за нови инвестиции.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...