Изложба „Магла“ во „Мала станица“

90

Изложбата „Магла“ вечерва ќе биде отворена во мултимедијалниот центар „Мала станица“. 

Учесници на изложбата се четворица косовски и еден австриски уметник – Луан Бајрактари, Газменд Ејупи, Дритон Селмани, Алберт Алгајер и Фатмир Мустафа – Карло. Изложбата е под кураторство на Ави Лубин, познат израелски куратор и годинашен куратор на израелскиот павилјон на Венецијанското биенале.

Организатор на проектот е Ана Франговска, виш кустос во Националната галерија на Република Северна Македонија. Изложбата е организирана во соработка со Националната галерија на Република Косово.

Изложбата ќе биде поставена до 2 јули.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...