Сугарески во контрола на работите на експресниот пат Штип-Кочани

Моментално се работи на делницата од Штип до Крупиште, која што е 14 километри и има вредност од околу 20 милиони евра.

341

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, директорот на Агенцијата за државни патишта, Зоран Китанов денеска извршија контрола на работите на патот Штип-Кочани.

Министерот Сугарески при тоа изјави дека во изминатите пет месеци се надминати проеблемите. Направен е прогрес на градежните работи од 20 отсто, а кај експропријацијата има реализација од над 95 отсто.Патниот правец е во должина од  28 километри.

– Моментално се работи на делницата од Штип до Крупиште, која што е 14 километри и има вредност од околу 20 милиони евра. За втората делница, која што треба да биде од Крупиште до Кочани, во тек е тендерска постапка и по нејзиното завршување ќе се отпочни со сите активности. Морам да кажам дека на овој патен правец наидовме на одредени проблеми кои се надминуваат и очекуваме во најбрз можен период да се интензивира работата на овој експресен пат – изјави Сугарески.

Тој истакна дека Владата е силно фокусирана на изградбата на патишта во источниот и југоисточниот регион, а се предвидени над 300 милиони евра, кои ќе се инвестираат во нова патна инфраструктура и реконструција на магистралните и регионални патни правци.

– Интензивно се работи  и на автопатот Штип-Миладиновци, реализацијата од ден на ден се повеќе се зголемува така што согласно со анекс договорот што го имаме со кинески Синохидро очекуваме таа делница да биде завршена до крајот на септември – информира Сугарески.

За 10 дена стартува официјално изградбата на експресниот пат Штип – Радовиш, инвестиција од околу 40 милиони евра. Градежните работи треба да завршат за три години.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...