Десеттина американски дипломати и нивните семејства кои беа протерани од Русија, денеска со три автобуси заминаа од амбасадата на САД во Москва.
Русија претходно соопшти дека ќе протера 60 американски дипломати како одговор на протерувањето нејзини дипломати од САД.
Кремељ одлучи да го затвори и американскиот конзулат во Сан Петерсбург.