Што се случува кога јадете брзо?

Ништо добро. Затоа еве зошто е важно да не јадете набрзина и од нога.

616

Правилната исхрана во теорија звучи едноставно, но не е  секогаш лесно да се истрае во намерата да се храниме здраво. Но, резултатите од неодамна спроведеното истражување покаѓале дека е за здравјето важно не само што јадете, туку и колку брзо храната „исчезнува“ од вашата чинија.

Јапонските научници следеле 1.083 возрасни лица во текот на пет години, а испитаниците биле поделени во три категории, врз основа на тоа колку брзо јадат: „бавно“, „нормално“ и „брзо“. На почеток од истражувањето, сите учесници пополниле прашалници на тема навики во исхраната, степен на физичка активност и општа здравствена состојба.

На почетокот од студијата, никој од доброволците не страдал од метаболички синдром, што значи дека никој од нив немал најмалку три од следните фактори – вишок килограми во пределот на стомакот, ниско ниво на ХДЛ холестерол, покачени триглицериди, покачен притисок или шеќер во крвта. Лоши вредности на најмалку три од овие наведени критериуми укажуваат на покачен ризик од кардиоваскуларни болести и дијабетес, и со еден име оваа состојба се нарекува метаболички синдром.

Пет години подоцна, кога повторно го пополнувале истиот прашалник, излегло дека кај 84 испитаници се развил метаболички синдром, а судејќи по резултатите на студијата објавени во стручното списание Circulation, повеќето биле од групата која изјавила дека „јаде брзо“. Оние кои се хранат „од нога“ имаат за 89 отсто поголем ризик од развој на метабoлички синдром од оние кои јадат побавно.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...