Шенон Доерти загрижена поради наодите: Зголемени ми се тумор маркерите

Холивудската актерка Шенон Доерти (46), која се прослави со улогата во серијата „Беверли Хилс“ на социјалната мрежа објавила дека лекарите на нејзините последни анализи воочиле зголемени тумор маркери.

1277

Холивудската актерка Шенон Доерти (46), која се прослави со улогата во серијата „Беверли Хилс“ на социјалната мрежа објавила дека лекарите на нејзините последни анализи воочиле зголемени тумор маркери.

„Анализи и наоди. Едниот тумор маркер е добар, другиот е зголемен. Тоа само значи дека ќе морам на набљудување и на други анализи. Но, дури и по тоа, останувам позитивна, напишала актерката.

„Ова ми помага да ги ставам нештата во перспектива и ме потсетува на сето она што го научив додека се борев со ракот. Понекогаш ми треба свеж поглед. Како што веќе реков, ракот го менува животот на незамислив начин… Патем, зголемените маркери можат да бидат од многу работи. Ох, и витамин Д, ми треба и тоа“, истакнала Шенон која се труди да остане позитивна.

Загрижените обожаватели и коментирале дека таа е борец и дека се покрај неа.
„Држи ја главата горе. Неверојатна си. Остани храбра и силна, ти праќаме позитива“, и напишале фановите.

Шенон му се врати на вообичаениот живот по борбата со ракот на дојката. Болеста и се прошири на лимфниот систем, па актерката се подложи на мастектомија (отстранување на дојката), хемотерапија и зрачење откако во 2015 година и беше дијагностицирана болеста. Пред една година заврши со третманите со хемотерапија.

„Многу сум среќна и не поминува ниту еден ден без да му се заблагодарам на Господ на овој благослов во животот кој го имам. Затоа одам на работа со дух полн со благодарност и љубов. Убавината е во се“, заклучила актерката.

Шенон својата борба со тешката болест ја документираше на социјалните мрежи со цел да помогне и да им ја олесни болката на жените кои боледуваат од истата болест, така што објавуваше фотографии од лекувањето, како и снимка на која ја бричи главата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...