Договор за соработка за раземна на пензиски податоци меѓу Македонија и Косово

205

Договор за соработка потпишаа денеска Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија (ФПИОСМ) и Департментот за пензии при Министерството за труд и социјална политика на Косово (ДП-МТСП-РК). Договорот има за цел да обезбеди помош и поддршка при електронската размена на податоците во областа на пензиското и инвалидското осигурување меѓу двете институции и воспоставување меѓусебни односи, за да се олесни остварувањето на правото на пензија без прекин за корисниците на пензија во овие две земји.

– Договорот за соработка ќе овозможи електронска размена на податоците во областа на пензиското и инвалидско осигурување меѓу Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија и Департаментот за пензии при Министерството за труд и социјална политика на Република Косово и ќе придонесе за олеснување на остварувањето и користењето на правата од пензиското и инвалидско осигурување, со цел намалување на административните трошоци, спречување на незаконски исплати на пензиите и другите приходи од областа на пензиското и инвалидско осигурување, како и контрола на податоците кои се предмет на размената, соопшија од Фондот за пензиско-инвалидско осигурување.

Договорот го потпишаа директорот на Департментот за пензии при Министерството за труд и социјална политика на Република Косово, Бахри Џафери и директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, Шаип Зенељи.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...