Актерот Двејн Џонсон, попознат како „Карпата“, изјави дека „не е сосем сигурен“ дали ќе се врати во деветтиот филм од серијалот „Брзи и бесни“.
Проблемите започнале уште на снимањето на „Брзи и бесни 8“ во 2016 година, кога се појавиле искри на нетрпеливост меѓу „Карпата“ и Вин Дизел, кој го глуми главниот лик во сите филмови.
– Вин и јас разговаравме неколкупати, и во четири очи. Јас сфатив дека имаме суштински разлики во нашиот пристап кон филмската работа и соработката. Ми требаше време за да го разберам тоа, но сега ми е јасно, и драго ми е поради тоа. Без обѕир дали ќе работиме повторно заедно или не, рече „Карпата“.
Џонсон нагласува дека тука нема лутење, и дека му посакува се најдобро на својот колега, но дека не е сосем сигурен дали ќе ја повтори својата улога во идните продолженија на филмскиот серијал.
Наместо тоа, кон крајот на минатата година, „Карпата“ и Џејсон Стејтам најавија нивна спин-оф верзија на автомобилската сага.