Џеј Ло во дует со ќерка си (ВИДЕО)

191

Покрај раскошната продукција, костимографија и провокативната кореографија, првата вечер на големата светска турнеја на Џенифер Лопез ја одбележа и нејзината 11-годишна ќерка Ема. Таа застана на големата сцена и, како и нејзината мајка, ги воодушеви илјадниците обожаватели со својот глас.

Среде концертот во Инглвуд, Ема се појави на сцената и со мајка ѝ ја опеаја „Limitless“ – песна чијшто спот беше издаден лани.

Во тој миг, многумина во девојчето ја видеа наследничката на нејзината светски позната мајка, но и на татко ѝ Марк Ентони, исто така познат латино-пејач, од когошто Лопез се разведе пред неколку години.

 

View this post on Instagram

 

I can’t take it! #Emme #Limitless #ProudMama #JLoItsMyParty

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) on

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...