Близу 8,8 милијарди денари е долгот на фирмите и граѓаните за даноци и придонеси

Овие пари ги должат 1.937 правни лица и 2.524 физички лица. 

389

Вкупно 8,95 милијарди денари е долгот на граѓаните и фирмите кон државата за даноци и придонеси. Споредено со претходната листа долгот е поголем за над 245 милиони денари, објави Управата за јавни приходи (УЈП).

Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 8,79 милијарди денари, додека долгот за царински давачки е над 146 милиони денари.

Овие пари ги должат 1.937 правни лица и 2.524 физички лица.

Листа  која секој месец ја објавува Управата за јавни приходи се однесува на долгови доспеани до 28.02.2018 и неплатени до 31.05.2019 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и повисок од 300.000 денари за правните лица.

На Листата  има јавни, приватни компании, државни претпријатија и приватни лица кои се на неа подолг период, но и нови.

Компанијата 11 Октомври-Еурокомпозит, винарската визба Повардарие,  Трансмет, но и скопската Општина Карпош, Македонската радио телевизија, јавното претпријатие Билјанини извори се меѓу должниците.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...