Училиште во кое учениците плаќаат школарина со пластичен отпад

Вообичаено е децата да доаѓаат во школо носејќи училишни чанти полни со книги и друг училишен прибор, но учениците во едно индиско училиште, покрај сето тоа, носат и ѓубре.

50

Индија има голем проблем со пластичен отпад. Официјалните статистики наведуваат дека нејзините граѓани секојдневно произведуваат околу 26.000 тони ѓубре. Во Памохија, и во северноисточната држава Асам, мештаните одлучиле тоа ѓубре да го користат за греење во текот на острите зими во подножјето на Химелаите.

Кога пред три години тука дошле Пармита Сарма и Мазин Мукхтар и го основаче училиштето Акшар фондација, дошле до иновативна идеја родителите на децата да ја плаќаат пколарината со пластичен отпад.

Мукхтар, кој пред доаѓањето во Индија работел на помагање на загрозените семејства во САД, заедно со сопругата Сарма, дипломиран социлог, почнал да ја развива оваа идеја. Помислиле дека најдобро решение би било секое дете да донесе најмалку 25 работи секоја недела и така да го отплаќаат школувањето.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Фото: Pixabey

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...