Баш така – малку радијација за голем чалам. Авантуристи, анонимни но и познати личности, а особено инфлуенсери на социјалните мрежи, се првите клиенти на новата светска туристичка дестинација, Чернобил.
Навршија 33 години од најголемата нуклеарна катастрофа во историјата. Чернобил, град одалечен 125 километри од Киев, до неодамна беше речиси заборавен. Но, по успехот на телевизиската серија на каналот ХБО, сѐ се промени. Одеднаш, интересот да се посети ова место нагло порасна.
Денес, можете самостојно да си организирате тура од Киев до местото на несреќата и да ручате во некој од чернобилските ресторани. Секако, неизбежна е и посетата на реакторот број 4, покриен со купола долга 105 метри, над некогашното јадро на реакторот.
Локалните туристички фирми орагнизираат посебни програми, а нивните претставници се фалат дека по емитувањето на серијата, интересот за посета на местото на катастрофата пораснал за дури 40 отсто. Сега сите сакаат да се фотографираат во Чернобил и да се појават на Инстаграм или на некоја од другите популарни социјални мрежи.
Неизбежното прашање е следново – дали е безбедно? Локалните тур оператори уверуваат дека сѐ е безбедно. А ималку радијација не мора да шкоди, нели…