Пред стотина преставници на невладини организации, социјални установи и лица со попреченост вклучени во процесот на де-инстуционализација, како и официјални лица од Министерството за труд и социјална политика и агенциите на Обединетите нации, денеска се одржа премиерното прикажување на хрватскиот документарен филм „Соседи“.
„Соседи“ ја раскажува приказната на лицата со психо-социјални нарушувања и интелектуална попреченост од Осиек (Република Хрватска), кои после декади поминати во изолација, ја напуштаат институцијата за згрижување и почнуваат независен живот.
– Се надевам дека преку серија на јавни прикажувања на документарниот филм „Соседи“ во земјите од регионот ќе се иницира јавна дебата за модерните медицински модели за третирање на менталните болести, но и за правата на лицата со психо-социјални пречки да живеат независно во рамките на една заедница – истакна режисерот и авторот на документарниот филм, Томислав Жаја.
Погледнете го трејлерот за овој филм тука.