Мнучин: Хуавеј е прашање на национална безбедност, а не трговија

279

Министерот за финансии на САД Стивен Мнучин изјави денеска дека чекорите кои ги презема американската влада против кинеската телекомуникациска компанија „Хуавеј технолоџи“ се однесуваат на прашања од националната безбедност и немаат врска со трговијата.

– Како што цело време и зборувавме, разговорите околу Хуавеј се всушност разговори кои се однесуваат на националната безбедност и тие се одвоени од трговијата – изјави Мнучин во интервју за Си-Ен-Би-Си.

Кинеско-американските трговски преговори се влошија кон почетокот на мај, кога дојде до зголемување на американските тарифи на кинеската стока во вредност од 200 милијарди долари и забраната за американските компании да соработуваат со Хуавеј. Пекинг одговори со тарифи на 60 милијарди вредниот увоз на американска стока.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...