Романскиот претседател апелира на молдавските политичари да ја почитуваат демократијата

302

Романскиот претседател Клаус Јоханис силно апелираше на сите политички сили во Молдавија да се придржуваат до демократските начела и владеењето на правото, соопшти прес службата на Претседателот.

– Стабилноста на Молдавија е најважна за продолжување на европскиот пат на таа држава, која се обврза дека ќе спроведе голем реформски процес, вклучувајќи и владеење на правото и добро управување, согласно својата посветеност кон ЕУ, врз основа на Спогодбата за придружување, се наведува во соопштението.

Јоханис оцени дека сегашната кризна ситуација би можела да биде решена на добробит на сите граѓани на Молдавија единствено преку отворен дијалог на сите политички сили, кои мора да покажат смиреност и воздржаност во овој период и да дадат приоритет на политичката стабилност на земјата.

Привремениот претседател на Молдавија, Павел Филип, денеска објави дека потпишал декрет за одржување предвремени избори на 6 септември.

Филип беше назначен за привремен претседател откако Уставниот суд го разреши Игор Додон од функцијата шеф на државата, бидејќи тој одби да го распушти парламентот и наместо тоа го поддржа формирањето на новата коалициска влада.

Социјалистичката партија, каде Додон беше поранешен лидер, и проевропскиот блок AЦУМ, вчера се согласија да формираат влада

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...