Градските власти во Вашингтон соопштија дека за време на Парадата на гордоста била предизвикана паника поради тврдење дека некој испукал куршум. Луѓето почнале панично да бегаат, пришто неколку лица биле повредени, а седум се наоѓаат во болница.
– Мноштвото луѓе се разбегаа бидејќи некои рекле дека тука имало човек кој пукал со пиштол, наведе полицијата.
Едно лице е приведено поради поседување на оружје, додаде полицијата и наведе дека на собирот воопшто немало пукање.