Албанскиот претседател Илир Мета, откако вчера одлучи да го одложи датумот на локалните избори, за што има различни реакции па дури и закана од премиерот Еди Рама за негово разрешување, за утре во 8 часот најави вонредна прес конференција.
Дел од медиумите наведуваат дека освен причните за донесувањето на одлуката,тој ќе го соопшти новиот датум за одржување на локалните избори, а не се исклучува можноста да го искористи правото да го распушти Парлементот, во што тешко е да се поверува имајќи ја предвид тензичната политичка ситуација во земјата.
Претседателот Мета синоќа кусо, пред почетокот на протестот на обединетата опозиција, соопшти дека ја поништува уредбата со која изборите ги закажа за 30 јуни, накусо аргументрајќи го овој негов чекор дека го презел за да ја смири тензичната ситуација и опасноста од ескалација на евенуален конфликт во земјата.
Од друга страна премиерот и лидер на владеачките социјалисти, Еди Рама оваа негова одлука ја нарече „политичко самоубство“ најавувајќи негово заминуваање од функцијата шеф на државата. Тој ја продолжува изборната кампања и е категоричен во ставот дека избори на 30 јуни ќе има.
Сепак според експертите по уставо право Рама нема можности да го смени Мета.
– Единствената опција што владејачкото мнозинство ја има против одлуката на претседателот Илир Мета е Уставниот суд. Во овој суд, по евентуално изгласување со 3/4 од вкупниот број пратеници во Собранието, може да се побара разрешување на шефот на државата, врз основа на Уставот. Во актуелниот миг кога земјата е без суд, разрешувањето на Илир Мета од функцијата претседател е невозможно – оценува експеротот Јордан Даци.
Тој додава дека и доколку владејачкото мнозинство се обиде набрзо да го формира Уставниот суд, кој бори девет члена,тоа не ќе може да го направи.
– Моментно судот има само еден член. Тројца треба да предложи Врховниот суд,кој исто така не функционира, а сите членови пак треба да ги наименува Мета во согласност со парламентот. Тоа значи дека треба многу време за да се формира Уставниот суд – изјави Даци.
Инаку во Албанија процесот ветинг, односно проверка на потеклото на имотот и евнтуална вмешаност на судиите и обвинителите во криминални актвности, почна во март 2018 година. Поради непоминување низ тој процес не функцинираат Уставниот и Врховниот суд, Високиот државен совет за контрола, а се чувствува недостиг на овој кадар во сите судови и обвинителства низ земјата.