Молдавскиот Уставен суд го разреши денеска претседателот Игор Додон и го назначи поранешниот премиер Павел Филип за привремен претседател.
Демократската партија на Молдавија, на Павел Филип вети вчера дека ќе го оспори легитимитетот на новата влада формирана од Социјалистичката партија која има руска поддршка и про-европскиот блок АЦУМ. Додон е поранешен лидер на Социјалистичката партија.
Социјалистичката апртија и блокот АЦУМ се договорија вчера да формираат валда и ја именуваа Маја Санда, поранешна министерка за образование за премиерка, за да ја намалат моќта на олигарсите во една од најсиромашните држави во Европа.
Со тоа е прекинат повеќемесечниот застој во Парламентот по изборите во февруари. Но, нивниот сојуз предизвика судир со Демократската партија на Молдавија и со Уставниот суд кој претходно соопшти дека Парламентот треба да биде распуштен и дека секоја одлука за формирање валда донесена од пратениците ќе биде неважечка.
Фото: EPA/DUMITRU DORU