Aлбанскиот претседател Илир Мета ги одложи локалните избори поради тензиите

225
ФОТО: EPA / MALTON DIBRA

Албанскиот претседател Илир Мета го одложи одржувањето на локалните избори на 30 јуни.

Во соопштенето од неговот кабинет тој искажа големата загрженост поради длабоката политичка криза во земјата поради „несогласувањето на ни една страна“ да се седне на дијалог.

„Имајќи ја предвид итната потреба да се смири ситуацијата и ризикот од непредвидлива ескалација на конфликтот во земјата преземам висока уставна и институционална одговорност, а убеден дека заштита на уставните начела е поважна од секој правен термин како шеф на државата и почитување на заклетвата за да се одржи секој услов за стабилност, мир, социјално и национално единство, го поништувам указот со кој локалните избори требаше да се одржат на 30 јуни“, пишува меѓу другото во соопштението.

Нагласуваувајќи го фактот дека со последните случувања се нарушува имиџот на Албанија во светот, се наведува дека подетално образолежение за причините за одлагање на изборите ќе даде в понеделник.

Ескпсресно, од изборен митинг во Берат, му одговори премиерот Еди Рама,кој му порача дека избори на 30 јуни ќе има.

ФОТО: EPA / MALTON DIBRA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...