Речиси 550 ресторани и кафулиња затворени во Техеран поради непочитување „исламски морал“

222
Photo: EPA / ABEDIN TAHERKENAREH

Речиси 550 ресторани и кафулиња се затворени во Техеран поради непочитување на „исламски морал“. Тоа го соопшти полицијата во главниот град на Иран.

– Приведени се 11 лица, сопственици на такви локали. Затворени се вкупно 547 ресторанти и кафулиња – соопшти началникот на полицијата во Техеран, Хосеин Рахими.

Акциите биле извршени во изминатите 10 денови во операции против правила за реклами на интернет, незаконска музика и поттикнување разврат.

– Полицијата посетојано е будна за почитување на исламските правила и тоа е една од нејзините најважни мисии – рече генерал Рахими.

Photo: EPA / ABEDIN TAHERKENAREH

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...